Тешка сообраќајка во Чаир - Едно лице пренесено на Ургентен
Едно лице со потешки повреди со возило на Брза помош е префрлено во Ургентен центар после тешката сообраќајка што се случи вечерва околу 19.15 часот на крстосницата на улиците Втора Македонска бригада и Ќемал Сејфула, на самата граница на општините Чаир и Бутел. Среќа во несреќа е што сообраќајката се случи точно пред Поликлиника Чаир, во чиј објект е и пунктот на Брза помош, па реакцијата на луѓето во бело беше експресна.
Во силниот судир на автомобилите „голф 4“ и „ауди“ караван, целосно се оштетени предниците и моторите на двата автомобила. Од голфот е излеано дизел гориво. Коловозот е посеан со парченца стакло и пластика од фаровите и маските и спојлерите на автомобилите.
Судирот одекна како детонација, па станарите на зградите во близина веднаш излегоа на балконите, а голем дел во првите минути притрчаа до местото на судирот за да помогнат.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет
-
Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок