Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок
УКИМ година дена не бележи никаков напредок, покажа извештајот објавен од Центарот за рангирање на светски универзитети. Црвсто си го држиме 10-тото место отпозади, од вкупно 2.000 универзитети кои се најдоа на листата. Низ годините УКИМ бележи тренд на опаѓање на напредокот, поточно континуирано си назадува. За споредба, во извештајот за 2020-2021 година, Св.Кирил и Методиј се пласира на 1917-тото место, а годинава на 1990-то.
Студентите се револтирани.
Поранешниот лидер на средношколците, а сега студент и директор на Форумот за образовни промени смета дека листата е показател на лошиот квалитет на високото образование.
Институциите не се грижат да ја подобрат ситуацијата.
Традиционално ,Св.Кирил и Методиј“ е единствениот македонски универзитет кој се најде меѓу листата на 2.000 најдобри. Ваквите резултати се разочарувачки, сметаат и од Универзитетското студентско собрание.
Неинвестирањето во науката, според деканот на Филозофскиот факултет е причина и за овогодинешните резултати. Дигитализација на УКИМ, неопходен фактор за напредок на листата, а слаба страна на универзитетот.
Четири високо образовни институции од Србија се најдоа меѓу светско најдобрите универзитети. Белградскиот универзитет се заќити на 376-тото место. Од Бугарија се рангирани 2 универзитета, Грција со 12, од Хрватска четири универзитети завршија меѓу најдобрите 2.000. На листата немаше место за ниту еден универзитет од Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Листата на Центарот за рангирање на светски универзитети се објавува секоја година, а при рангирањето, универзитетите и колеџите се оценуваат според факторите образование, можност за вработување, настава и истражување,
Фразата да бидеме во друштво на Харвард, МИТ, Стенфорд, Кембриџ и Оксфорд, односно рамо до рамо со топ 5те универзитети во светот, засега е само добра идеја за создавање на научно-фантастичен филм.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар