Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
Антимонополската Комисја од денеска ќе може да ги пишува првите казни, иако законот за нефер трговски практики стапи на сила пред 3 месеци. По пријава од граѓанин или самоиницијативно, инспекторите од Комисијата ќе проверуваат дали рабатот кој трговецот го добива од производителот или дистрибутерот се ограничува на 10 отсто. Со законот не се регулира трговската маржа, туку се забрануваат дополнителните трошоци кои добавувачите им ги плаќаа на трговците за да ги продаваат нивните производи. Цените изминативе месеци постојано растат, но значително поевтинуавње се очекуав сега, вели заменик министерот за економија
„Рабатот е ограничен на 10 проценти во текот на годината. Сето тоа ќе создаде еден ред во сета таа работа со трговските практики каде рабатите биле големи и до 35-40 проценти. Очекуваме на подолг рок да имаме стабилизирање на цените на производите во интерес на крајните купувачи, односно граѓаните. Западен Балкан“, посочува заменик-министерот за економија и труд.
Со законот домашните и странски прозводи ќе имаат ист третман. До сега , вели Ристовски, странските, познати брендови, плаќале повеќе за нивните производи да се стават на видно место на рафтовите. Сега се ограничуваат и надоместоците за складирање, маркетинг и реклама.
Тонско „Со овој Закон нормално ќе имаме поголемо регулирање на цените на производите како краен ефект, односно во интерес на потрошувачите, купувачите, граѓаните, заштита на животниот стандард, а од друга страна оној хаос кој постоел претходно и форсирање на странски производи, во однос на домашните производи, тука ќе имаме изедначување во однос, пред се на маркетите„ изјави заменик министерот за економија, Марјан Ристески.
Во законот регистрирани се 26 нефер трговски практики, кои опфаќаат над 2,500 прехранбени производи , меѓу кои и овошјето и зеленчукот. Казните за прекршителите се движат до 20 илјади евра за големите трговци.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар