Македонија
14. May 2024 - 16:42

ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај

Со прегласување во седум избирачки места, партиите ќе водат битка за зголемување на бројот на пратенички мандати. По поднесени приговори од коалициите предводени од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Вреди, Државната изборна комисија го поништи гласањето на избирачки места во петтата и шестата изборна единца. Утврди нерегуларности за текот на гласањето и броењето гласови во Желино, Битола, Струга, Охрид, Кичево, Крушево, Ресен, Демир Хисар и Долнени. Од ДИК велат дека се уште нема официјална одлука за прегласувње бидејќи во тек бил рокот за поднесување тужби пред управниот суд.

Според коалицијата Вреди, со одлуката на Државната изборна комисија се потврдило дека Европскиот фронт предводен од ДУИ се обидел незаконски да влијае врз изборниот резултат. Обвинија за „бугарски воз“.

Европскиот фрон пак обвини дека политичките противници спроведуваат изборен инженеринг. Прашуваат зошто партии кои победиле, бараат прегласување на избирачките места.. Најавија тужби до управен суд.

Иако нема официјална одлука за прегласување, во јавноста веќе се прават пресметките за кончениот резултат.. Во петата изборна единица на пратеник плус се надеваат ВМРО-ДПМНЕ ако на повтореното гласање освојат 300 гласови повеќе од бројот освоен на 8 мај. Шанса за пратеник има и ЛДП ако бројот на освоени гласови го зголеми за 110. И во двата случаи, прегласувањето е закана за ДУИ и одземање на еден пратенички мандат. Идентична ситуација има и во шестата изборна единица, каде по прегласувањето на пратеник плус се надева коалицијата Вреди.