Loading Video...
Македонија
14. May 2024 - 16:40

Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција

Германските пратеници ја оценија како опасна и несреќна изјавата на Силјановска.

Томас Хакер од владејачката партија на либералите задолжен за европски прашања, вели ја разбира одлкуката за напуштање на церемонијата од грчката амбаадорка. Тој порача дека со ваквите потези Македонија може да многу да назадува во евроинтеграциите.

„Европскиот пат на Северна Македонија и пред изјавите на новата претседателка беше доволно тежок. И вистина е дека и ЕУ сноси дел од вината за бавниот пат на земјата кон ЕУ. Но, доколку и новата влада им се приклучи на провокациите на претседателката, таквите изјави ќе бидат во спротивност со Преспанскиот договор. вели Хакер. 

И десноориентираната партија во  Германија со остра критика за Силјановска. Таквата политика нема да се толерира порача Јирген Харт од ЦДУ.

„Новата претседателка на Северна Македонија, Сиљановска Давкова на својата функција е исто толку обврзана да го почитува компромисот меѓу Северна Македонија и Грција, колку што беше и нејзиниот претходник“, вели Харт.

Грција ја заострува критиката, прототема денеска пишува за можните санкции од САД со кои може да се соочи претседателката Силјановска Давкова поради прекршување на преспанскиот договор.

Во текстот стои дека  Давкова ризикува да ја изолира земјава и да предизвика конфликт со Западот и соседите. Грчкиот министер за надворешни денеска со нова реакција за претседателката, вели не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното.

Јоргос Герапетритис министер за надворешни работи на Грција „ Како прво, нема апсолутно никакво молење од грчката страна. Грчката страна бара почитување на договорот. Добро знаете дека од моментот кога ќе се ратификува меѓународен договор во парламентите, тој добива сила над законите.

Претходно, реагираа од Брисел, американската амбасада во земјава, а покрај грчката страна реакција пристигна и од Бугарија.

На сите овие прозивките  Силјановска одговори дека ќе се придржува до официјалната примена на уставното име а тоа што нарекла државата Македонија во Собранието е чин на самоопределување и самоидентификација