09.09.2010 - 19:34

Стружанецот Ристо Чуркоски вчера за десет часа со кајак го обиколи Охридското езеро.Тој помина патека долга 90 километри, од Струга, преку Охрид и Свети Наум до Поградец и Лин во Албанија и повторно назад во Струга.

09.09.2010 - 11:55

Со пораз македонската ватерполо репрезентација го заврши настапот на Европското првенство во Загреб откако претпладнево во натпреварот за 11.место загуби од Русија со 5:4 (1:2; 2:0; 1:0; 1:2).

08.09.2010 - 11:51

Ватерполистите на Србија во последниот натпревар одигран синоќа во Загреб на Европското првенство во ватерполо со победата од 6:5 против Црна Гора го елиминираа европскиот шампион, кој нема да може да ја брани титулата освоена пред две години во Малага.

07.09.2010 - 19:45

Македонската ватерполо репрезентација попладнево во Загреб претрпе пораз од Турција која до денешниот натпревар ги загуби сите пет средби на шампионатот.

07.09.2010 - 09:35

По вчерашниот слободен ден, денеска македонската ватерполо репрезентација ги продолжува натпреварите на Европското првенство во ватерполо во Загреб.

06.09.2010 - 09:30

Со натпреварите од петтото коло кои се одиграа на базенот „Младост“ во Загреб синоќа заврши фазата по групи, а во следните денови на програмата ќе бидат натпреварите за пласман на Европското првенство во ватерполо.

05.09.2010 - 20:25

Ватерполо репрезентацијата на Македонија го забележа 4. пораз на Европското првенство во Хрватска.

05.09.2010 - 11:26

Македонската ватерполо репрезентација денеска попладне во рамките на 5.коло од Европското првенство во ватерполо што се одржува во Загреб за противник ја има првопласираната од групата Унгарија. Почетокот на натпреварот е во 16:30 часот.

04.09.2010 - 19:47

Стружанецот Ристо Чуркоски ги прави последните подготовки за обиколување на Охридското езеро со кајак.

04.09.2010 - 10:35

На еврошампионатот во ватерполо што се одржува во Загреб синоќа со натпреварот Хрватска – Шпанија беше комплетирано 4.коло во двете групи.

03.09.2010 - 09:09

Очекуван убедлив пораз од 19:9 на македонската ватерполо репрезентација од светскиот првак Србија во дуелот од четвртото коло на Европското првенство што се одржува во Загреб.

02.09.2010 - 15:55

Во организација на Мотоциклистичката федерација на Македонија, под патронат на Владата, а со поддршка од Градот Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортови на Град Скопје, а по повод денот на независноста на Република Македонија, од 3 до 5 септември ќе се одржи 19-тото традиционално меѓународно мото-рели „Македонија - Независност 2010“.

од понеделник до петок 19:45
Од недела 21:30 часот
Секој ден 21:00
Наскоро...
Од понеделник до петок 23:45
од понеделник до петок 14:50
од понеделник до петок 22:20
од понеделник до петок 17:00
©2010 sitel.com.mk