Македонија
14. May 2024 - 16:39

Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет

Почина седуммесечно женско бебе од Вевчани.

Бебето, било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење, веднаш била извршена операција која траела 4 часа било пренесена на интензивна нега, но како поминувало времето здравствената состојба се влошувала. Според изјавата на неговата мајка, повредите настанале по пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани.

Како што дознаваме мајката пред да го однесе бебето во болницата „Св. Еразмо“ водела битка 7 часа и барала помош од повеќе лекари кои само ја преупатувале до нивни колеги и други установи.

Најнапред бебето од страна на мајката во текот на  вчерашниот ден било донесено во  Здравствениот  дом во Вевечани каде било прегледано од страна на докторка од итната медицинска помош која не констатирала никакви повреди.

Од охридската полиција најавија дека се превземаат мерки за расветлување на случајот .По насока на Јавен обвинител, телото ќе биде пренесено до Судска медицина во Битола каде ќе се изврши обдукција.