Поплаки и оваа година за дел од таксистите
Казните не ги променија дел од охридските таксисти.
И оваа измината летна сезона дел тие си продолжија со нивниот начин на работа , со цени вадени од ракав ,исклучен таксиметар,обирање на патници и одбивање на возенје низ град и кратки релации.И покрај инспекциските контроли тие продолжуваат со лошата пракса на функционирање која го нагрдува имиџот на градот.
Опозицијата побара од градоначалникот да се реши проблемот со такси превозот кој го мачи градот и претствува лоша слика како туристички центар.
И оваа година не изостанаа поплаките на охриѓани и туристите упатени до такси превозот во градот.
Дел од охридските таксисти одбиваа да ги возат патниците на градски локации и ги препраќаат кај други колеги, додека тие чекаа патници кои за поголема сума би патувале надвор од Охрид.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар