Македонија
5. October 2024 - 16:42

Бугарското МНР со порака до Скопје: Процесот на интеграција се заснова на заслуги, посредувањето не е дозволено

Бугарското МНР и официјално го одби предлогот на унгарскиот премиер Орбан да посредува во билатералниот спор меѓу Македонија и Бугарија. Во соопштение испраќаат порака до властите во Македонија дека процесот на европска интеграција се заснова на сопствените заслуги и не дозволува посредување меѓу ЕУ и земја кандидат.

Во врска со континуираните изјави на претставниците на Република Северна Македонија кои го доведуваат во прашање принципот pacta sunt servanda, потсетуваме дека Скопје го прогласи својот главен надворешнополитички приоритет да се приклучи кон европското семејство на вредности и правила. Тоа подразбира строго придржување кон добро познатите обврски. Процесот на европска интеграција се заснова на сопствените заслуги и не дозволува посредување меѓу ЕУ и земја кандидат. Единствена гаранција за успех е исполнувањето на поставените критериуми и услови, велат од бугарското МНР.

Премиерот Мицкоски ваквата реакција од Софија ја оцени како уште еден обид Македонија да биде ставена во замката на нивните политички агенди во предизборие. Останува понудата за дијалог и решение на ситуацијата.

Во корист на државата е Владата да го направи тоа што треба за да биде прифатена во ЕУ, a САД ќе се обидат да помогнат тоа да се случи, смета поранешен советник за национална безбедност на претседателот Обама.

Во изјава за Гласот на Америја вели дека е важно да се зајакнат односите меѓу државите.

Македонската влада е децидна дека уставни измени ќе се случат само ако бидат со одложено дејство и нема да се прифати никоаков диктат или ултиматум во македонските интеграции.Европската Комисија пак очекува Македонија брзо да ги исполни неопходните критериуми и да премине во следната фаза.