09.03.2010 - 13:47

Македонскиот ракометен репрезентативец Кире Лазаров со неговиот клуб Кроација Осигурување Загреб, во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе игра против Барселона.

09.03.2010 - 11:51

Најгледаната австралиска телевизија Фокстел, деновиве етничкиот идентитет на Горан Пандев го претстави како бугарски.
 

09.03.2010 - 10:20

Двејн Вејд од екипата на Мајами и Дирк Новицки од Далас се прогласени за најдобри играчи во изминатата недела во НБА лигата.

09.03.2010 - 10:16

Во вторник и среда се играат првите реванш средби од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите.

09.03.2010 - 10:13

Без голови заврши последниот натпревар од 25. коло во шпанската Примера во кој фаворизираната Валенсија не успеа на домашен терен да го победи Сантандер.

09.03.2010 - 10:08

Со победата од 1:0 против Ливерпул во последниот натпревар од некомплетното 29. коло од Премиер лигата екипата на Виган е подалеку од опасната зона. Новите три бодови ги донесе Хуго Родалега со голот во 34 минута.

08.03.2010 - 11:48

Од некомплетното 29. коло во Премиер лигата денеска ќе биде се одигра натпреварот меѓу Виган и Ливерпул. Двете екипи влегуваат со своја цел – Виган со победа да биде подалеку од опасната зона, а гостите да се искачат на четвртото место кое води во Лигата на шампионите.

08.03.2010 - 11:44

Со натпреварот Интер - Џенова 0:0, синоќа заврши 27.коло во италијанската Серија А. Горан Пандев настапи 57 минути за домашниот тим и немаше ниту една шанса за гол. Интер ја пропушти можноста да ја зголеми предноста на табелата пред Милан и Рома кои во саботата исто така одиграа без голови.

08.03.2010 - 10:25

Четири премиерлигашки екипи ќе играат во полуфиналето на ФА купот на Вембли на 10. и на 11 април.

08.03.2010 - 10:23

По вчерашниот натпревар Нирнберг – Баер Леверкузен од 25. коло во Бундес лигата нема веќе непоразена екипа. Популарните „фармацевти“ покрај поразот од 3:2 ја загубија и втората позиција на табелата.

08.03.2010 - 10:21

По одигрувањето на 25. коло во шпанската Примера дојде до промена на врвот на табелата. Реал Мадрид поради подобрата гол разлика го мина шампионот Барселона. „Кралскиот клуб“ со пресврт победата од 0:2 до 3:2 на домашен терен против Севиља се избори за првата позиција откако Барселона одигра нерешено 2:2 со Алмерија на гости.

07.03.2010 - 20:30

 

Македонската Дејвис куп репрезентација во јули ќе и гостува на Унгарија во меч за опстанок во втората евро-африканска зона, откако вечерва во Велес беше поразена од БиХ со 3-2.

 

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инстачирај тука.

Понеделник - петок 13:00
Понеделник - сабота 09:00
Понеделник - петок 19:40
Понеделник - петок 14:50, реприза 10:45 на Сител 3
Понеделник - петок 17:00
Понеделник - петок 18:45
Вторник среда и четврток 22:40
Понеделник - петок 11:40
Сабота 20:20
Недела 10:30
Вторник 22:15
Недела 18:45
Понеделник - петок 12:15
Недела, 15:25

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инстачирај тука.

Гледај Online

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инстачирај тука.

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инстачирај тука.

©2009 sitel.com.mk