-->
-->
ЕП - Хрватска 2018: Вујовиќ повика нов играч за Европското првенство
-->
Ракометната репрезентација на Словенија првиот противник на Македонија на Европското првенство во Хрватска има нов повреден играч на листата.
Словенечкиот селектор Веселин Вујовиќ нема да може да смета на Нико Медвед, кој по вчерашниот дуел со Србија се пожалил на болки во рамото. Вујовиќ веднаш реагираш и на местото на повредениот Медвед го повикал неговиот соиграч од Горење Матиц Вердинек.
Селекцијата на Словенија која на последното Светско првенство одржано лани беше третопласирана, на овој шампионат нема да може да смета на повредените Давид Миклавчич, Вид Потек, Матеј Габер, Јуре Доленец и Вид Кавтичник, секако и на Медвед. Од сите овие играчи можно е враќање на теренот само на еден од најискусните Кавтичник, но најверојатно тој нема да биде во составот за првиот дуел со Македонија.
Натпреварот Македонија - Словенија се игра во сабота во „Арена Загреб“ со почеток во 19 :30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет
-
Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок