Во Италија уапсен водечки член на ИД
Италијанската полиција уапси водечки член на терористичката група ИД, кој дошол во Италија да врши регрутирање и обука на други терористи.
Мароканецот Набил Бенамир (39) бил подготвен да мобилизира други со цел да ја промовира идејата за Исламска држава, како и да ги обучува да прават и користат експлозив, соопшти полицијата.
Во акцијата учествуваа и припадници на холандската полиција, Европол и американското Федерално истражно биро.
Полицијата соопшти дека на неговиот мобилен телефон и профилите на социјалните мрежи пронашла инкриминирачки докази, вклучително и видеото на бомбаш-самоубиец и порака за престојната задача во Италија.
Властите го обвинија Бенамир за меѓународен тероризам.
Бенамир првпат беше уапсен во август во Џенова, бидејќи ја тепал својата бремена партнерка.
Ново на Сител
-
Тема на денот со историчарот Митко Панов
-
Соработка помеѓу Државниот завод за статистика и УГД - Штип
-
ММФ прогнозира раст од 2,2% за Македонија
-
Остри реакции на помилувањата од претседателката
-
Мицкоски за 23. Октомври побара национална стратегија со МАНУ
-
Наградата 23. Октомври врачена на поетот Славе Димоски
-
Ќе се евидентира целиот имот на државата
-
Од утре вакцинација против грип кај здравствените работници на работно место