Македонија
23. October 2024 - 19:41

ММФ прогнозира раст од 2,2% за Македонија

Раст од 2.2 проценти прогнозира Меѓународниот монетарен фонд за Македонија до крајот на оваа година, процент кој е повисок од предвидувањата на Светската банка.

Додека загриженоста за глобалниот долг е голема, постои извесен оптимизам дека земјите од Западен балкан ќе постигнат повисоко ниво на раст и ќе ја стабилизираат економската состојба.

Инвестиции и реформи. Овие два збора се клучни според ММФ за зголемување на растот и и спас од презадолженост.

ММФ во годишниот фискален монитор оцени дека на светско ниво дефицитот е голем и ризичен. Прогнозите се дека долгот ќе надмине 100 трилиони до крајот на 2024та. Земји во кои се прогнозира брз раст на долгот, побрз од пред пандемиската динамика се САД, Кина, Велика Британија, Франција, Бразил.

Вчера ММФ ги објави и годишните прогнози кои покажуваат дека инфлацијата се става под контрола, монетарната политика може постепено да се опушта но фискалната треба да се стави поде контрола.