Соработка помеѓу Државниот завод за статистика и УГД - Штип
Државниот завод за статистика, како и останатите институции, се соочува со недостаток на стручен кадар. Затоа од голема важност е воспоставувањето на тесна соработка со високо школските установи, за креирање можности за користење на податоците во делот на образовни и научно истражувачки цели.
- Податоци коишто се објавени на нашата веб страница и се достапни бесплатно, но ито така и за истражувачите, понапредните истражувачи, за кои обезбедуваме пристап до анонимизирани микро податоци во нашата заштитена соба, изјави Дејан Станков, директор на ДЗС
Академската заедница е една од најголемите корисници на статистичките податоци од Заводот, бидејќи истражувањата базирани на факти и бројки имаат многу поголема научна вредност.
- Ќе ни овозможат многу подобро решвање на проблемите и навистина претставува чест што нашата лабораторија за квантитавн анализи во економијата ќе може заедно со професионалците од ДЗС да работи и да ги унапредува знаењата и на наставниците и на студентите, изјави Дејан Мираковски, ректор на УГД-Штип
Потпишаниот меморандумот помеѓу УГД и ДЗС во следниот период ќе резултира со конретни форми на соработка.
- Во делот на организирање обуки за нашите студенти од страна на професионални статистичари во ДЗС, во делот на користење на податоците и нивно толкување, изјави Дарко Лазаров, проректор на УГД - Штип
Податоците ќе им послужат во научно истражувачката дејност, која ќе даде импакт во идниот општествен развој.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар