Од утре вакцинација против грип кај здравствените работници на работно место
Здравствените работници ќе можат да добијат вакцина против грип на работното место. Мобилни екипи за имунизација од Институтот за јавно здравје ќе одат во болници и клиники за медицински лица кои сакаат да бидат заштитени од сезонскиот вирус. Според податоците од ИЈЗ, лекар, медиицнска сестра, лаборант или болничар имаат 10 пати поголем ризик за заболат од грип во споредба со општата популација.
-Се со цел да им олесниме на оние здравствени работници кои сакаат да бидат вакцинирани тоа е едно, втора работа е да придонесеме таа бројка да е што поголема бидејќи сметаме ако им отидеме таму во самите нивни институции, бројот на оние здравствени работници кои ќе се вакцинираат ќе биде поголем. Мобилните екипи ќе почнат уште оваа недела, од утре и во зависност од списокот што ќе го добиеме со здравствнеи работници, толку ќе трае вакцинацијата, вели Марија Андоновска, в.д. директор на ИЈЗ
Освен здравствените работници, лицата на 65 и повеќе години го носат го носат најголемиот товар на тешка форма на болеста. За нив вакцинацијата е бесплатна а во оваа ризична група се и оние со хронични заболувања како и бремените жени.
Имунизацијата стартуваше во понеделник кога беа вакцинирани околу 8 000 граѓани а на веб страницата вакцинација.мк има над 50 000 пријавени.
Министерството за здравство набави 70 000 вакцини и уште 10 000 донација кои се бесплатни за ризичните групи, а во центрите има и комерцијални вакцини.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар