Македонија
27. November 2024 - 16:40

Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии

Европа има право да биде заложник на политичари од средниот век но ние имаме наши црвени линии. Премиерот вели дека земјава нема да прави нови отстапки во преговорите со Бугарија.

Изјавата на премиерот доаѓа во екот на дипломатската иницијатива која што ја води земјава за деблокада на интегративниот процес преку уставни измени со одложено дејство.

Опозицискиот лидер Филипче, вчера по средбата со Претседателката Сиљаноска рече дека СДСМ ќе даде поддршка на секој предлог кој ќе значи подобра позиција за Македонија.

Изрази сомнеж дека уставни измени со одложено дејство е решение кое ќе помине во Брисел бидејќи како што рече, истиот предлог го дала и неговата партија додека била на власт, но Бугарија го одбила.