Македонија
27. November 2024 - 16:39

Дигитализацијата како лек

Власта и опозицијата, конечно се согласија за една работа - Македонија има партизирана администрација која испорачува бавни услуги.

Премиерот ќе ги дигитализира услугите за да не се чека на шалтери. Минчев крои пилот проекти за кратење на администрацијата, опозицијата бара итна департизација, а граѓаните трпеливо или не, чекаат да добијат квалитет.

Планот на Мицкоски опфаќа ставање приоритет на дигитализацијата на услугите и награди за највредните административци.

На планот на премиерот реплицираше опозицијата.

„Наместо празни зборови на конференции, потребни се конкретни дела: итна департизација, санкции за корумпираните функционери и воспоставување јасни и транспарентни критериуми за вработување и напредување во администрацијата“, бараат од СДСМ.

Во меѓувреме, министерот Минчев  кој денеска потпиша меморандум за соработка со својата срска колешка започнува со кроење на пилот проекти за кратење на управни одбори. Ќе почне со оние во неговиот ресор. Во Србија дигитализацијата на процесите е чекор понапред, каде тамошните граѓани имаат 24 часовен електронски пристап за услугите на ресорното министерство

Минчев е домаќин на дводневна конференција на министерско ниво на земјите членки на Западен Балкан каде се кројат политики за поквалитетна администрација во овој регион.