Реформа на администрацијата
Јавната администрација дефинтивно ќе се крати. Минчев потврди дека од Нова година почнуваат пилот проекти за кратења во одделни сектори во јавната служба, но и побрзи услуги за граѓаните. Министерот вели прво ќе се почне токму од неговиот ресор. Ќе се кратат управните одбори на институциите поврзани со министерството за администрација.
Кратењето на јавната администрација е само една од реформите што ќе се прават во наредниот период. Минчев најавува дека законите поврзани со вработувањата и унапредувањата во јавната служба на владина седница ќе се најдат до крајот на годината, а на почетокот од наредната да бидат и донесени во Собранието. Реформите во администрацијата се случуваат паралелно и со укинувањето на Балансерот – алтатката за вработување во амдинистрациа по етнички клуч. Таму се очекува и нов закон за правична застапеност.
Ќе бидат користени и меѓународни искуство. Минчлев два дена е домаќин и на министрите за јавна администрација во рамките на регионалниот прокет за трансформација на јавниот сектор.
Последните информации велат дека во државата имаме над 140 илјади административци. Најголем дел од нив се во секторите образование и здравство. Европската комисија, но и граѓаните со години забележуваат дека администрацијата е прегломазна, а услугите што се нудат се неквалитетни или пак, се причина за корупција.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар