Најмалку 22 загинати и 69 повредени при уривање на училиште во Нигерија
Најмалку 22 лица загинаа, а 69 се повредени откако се урна училишна зграда вчера за време на наставата во државата Плато во централна Нигерија, соопштија локалните власти.
Околу 130 лица се згрижени во блиските болници, а најголем дел од жртвите се ученици и вработени во училиштето.
Зградата е дел од средно училиште во градот Јос и се урна за време на часовите, соопшти Муса Ибрахим Ашомс, офицер за информации и комуникации на Плато.
Се стравува дека бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи во урнатиот дел од зградата имало околу 200 ученици. Спасувачки екипи бараат преживеани во урнатините.
Двокатната зграда се урна ден по поројниот дожд шти го ја зафати централна Нигерија. Почната е истрага за причините за уривањето.
Во последниве години, во Нигерија се случија неколку уривања на згради, што резултираше со многу жртви и повредени, најчесто поради лоша градба, употреба на неквалитетни материјали и корупција.
Ново на Сител
-
Тема на денот со историчарот Митко Панов
-
Соработка помеѓу Државниот завод за статистика и УГД - Штип
-
ММФ прогнозира раст од 2,2% за Македонија
-
Остри реакции на помилувањата од претседателката
-
Мицкоски за 23. Октомври побара национална стратегија со МАНУ
-
Наградата 23. Октомври врачена на поетот Славе Димоски
-
Ќе се евидентира целиот имот на државата
-
Од утре вакцинација против грип кај здравствените работници на работно место