Кина лута на декларацијата на Г-7 за Источнокинеско и Јужнокинеско Море
Кина изрази силно незадоволство откако министрите за надворешни работи од Г-7 изјавија дека остро се спротивставуваат на провокациите во Источнокинеско и Јужнокинеско Море, каде што Кина има територијални спорови.
- Ги повикуваме земјите од Г-7 да ги почитуваат ангажманите, да не заземаат страна по прашања, врзани за територијални спорови, наведува кинеското МНР.
Г-7 би требало да се фокусира врз светското економско управување и соработка пред перспективата за слаб економски раст, наместо да предизвикува спорови и проблеми, додава Министерството.
По средбата во јапонскиот град Хирошима, шефовите на дипломатиите од Г-7, вчера изјавија дека се „против секакви еднострани дејствија на заканување и принуда, кои можат да ја променат состојбата на статус кво и да ја засилат напнатоста во Источнокинеско и Јужнокинеско Море“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со историчарот Митко Панов
-
Соработка помеѓу Државниот завод за статистика и УГД - Штип
-
ММФ прогнозира раст од 2,2% за Македонија
-
Остри реакции на помилувањата од претседателката
-
Мицкоски за 23. Октомври побара национална стратегија со МАНУ
-
Наградата 23. Октомври врачена на поетот Славе Димоски
-
Ќе се евидентира целиот имот на државата
-
Од утре вакцинација против грип кај здравствените работници на работно место