Делумни локални избори во делови од Велика Британија
Во делови од Англија, Велс и Шкотска денеска се одржуваат локални избори за нови членови во општинските совети, како и за градоначалници во неколку градски центри.
Вкупно ќе се гласа за изборот на 4.851 претставник во вкупно 88 совети на општините во Шкотска и Велс, како и за 34 совети во Англија, од кои 27 обласни.
Британските гласачи денеска избираат и шестмина градоначалници - на поширокиот реон на Манчестер, на Ливерпул, Западен Мидлендс, Западна Англија, Кембриџ и Питербороу.
Традиционално, сите избори во Велика Британија се одржуваат во четврток, а гласањето трае од 7 до 22 часот.
Првите резултати се очекуваат во текот на утрешниот ден.
Овие делумни локални избори се одржуваат на еден месец пред предвремените парламентарни избори закажани за 8 јуни, па нема посебни мерења за расположението на гласачите.
Претходно, направените анкети покажуваат дека владејачката Конзервативна партија има уверлива предност од 20 отсто пред лабуристите.
Денешното гласање, сепак, се оценува како тест на партиите пред изборите идниот месец.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет
-
Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок