Промоција на романот „Род“ на Миљенко Јерговиќ
Во кафе барот „Ла Кања“ во Скопската чаршија вечер ќе биде промовиран романот „Род“ со гостување на авторот Миљенко Јерговиќ.
Преводот од хрватски е на Владимир Јанковски, а промотори се Оливера Ќорвезироска и Владимир Јанковски. Промоцијата е дел од програмата Креативна Европа.
„Род“ на Јерговиќ е книга составена од повеќе целини – романи, документи, раскажувачки скици, фрагменти – во кои се менуваат фикционални и нефикционални делови и на совршен начин се мешаат реалното и измисленото...
Миљенко Јерговиќ (Сараево, 1966) е книжевник и новинар кој живее во село недалеку од Загреб. Првиот новинарски текст го има објавено во 1983 година, а првата поетска збирка „Опсерваторија Варшава“ во 1988 година. За неговата збирка раскази „Сараевско Марлборо“ (1994) година критичарите сметаат дека со неа почнува трендот на т.н. стварностна проза. Објавува уште неколку збирки раскази (Мама Леоне, Иншалах Мадона, Иншалах), како и десетина романи. За романот „Род“ во 2015 година ја добива наградата „Његош“.
Делата му се преведени на повеќе од дваесет јазици.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет
-
Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок