Жителите на Долна и Горна Бањица поставија блокада за работниците на „Бехтел и Енка“
Жители од селата Горна и Долна Бањица утрово го блокираа регионалниот пат кој минува низ нивните села и не ги пропуштаа вработените во компанијата „Бехтел и Енка“ кои работат на трасата на Коридор 8. Блокадата на патот е во знак на револт од начинот на кој спроведува експропријацијата.
Блокадата на патот, како што рекоа, доаѓа од игнорантскиот однос на властите и другите институции при решавањето на нивните барања. Учесниците на протестот посочија дека никој не ги заштитил и не се грижи за нивниот интерес при процесот на експропријација. Жителите на Долна и Горна Бањица се пожалија дека за земјиштето кое се одзема добиваат несоодветен надомест од десет евра за метар квадратен.
Абдулаќим Асипи, претставник на учесниците во блокадата кажа дека на барањата кои ги упатиле до надлежните не добиле одговори, а ниту биле повикани на разговор. Тој појасни дека дел од земјиштето не се купува за потребите на патот, туку за изградба на кампови за вработените кои подоцна државата ќе го продава за изградба на бензински пумпи и други комерцијални капацитети.
Тие најавија дека од денеска па во наредните три дена со целодневни блокади за возилата ќе ги стопираат работите на фирмата Бехтел и Енка, а планираат и блокада на сообраќајот на магистралниот пат Гостивар-Кичево.
Досега околу половина од сопствениците на земјоделско земјиште кое ќе биде одземено за изградба на автопатска делница на Коридорот 8 добиле решенија за трајно одземање.
Бањичани упатија апел до надлежните институции што поскоро да седнат на маса и да најдат заедничко решение.
Ново на Сител
-
Хотелиерите оптимисти околу изградбата на автопатот
-
Преглед на вестите од светот
-
Банките чекаат официјален допис, бизнисот условите за унгарскиот кредит
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Поставена биста на Димитар Влахов пред седиштето на СПМ
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - Има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Каранфилова ќе работи на враќање на довербата во СДСМ, за власта таа е уште еден потрчко на Заев
-
ЕУ утре ќе донира 6 електрични автобуси на ЈСП, Владата ќе купи уште стотина