Преглед на вестите од светот
Руската државна телевизија соопшти дека руските сили ја пробиле одбраната на Украина во регионот на Доњецк и влегле во центарот на Курахове, транспортен и железнички центар што има стратешко значење за украинската армија.
Руските медиуми наведуваат дека заземањето на Курахове значително ќе го прошири маневарскиот простор на руската армија и ќе создаде услови таа да ја нападне областа Запорожје контролирана од украинската армија, a потоа украинските крилни сили во Покровск во источна Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека ситуацијата во правецот на Курахово е најтешка во моментов и дека украинската армија напорно работи на зајакнување на своите позиции.
Висок американски функционер посочи дека Израел и Либан постигнале консензус за условите за договор за прекин на огнот за да се стави крај на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, објави во понеделникот американската веб-страница за вести AXIOS.
Договорот за прекин на огнот, наводно, вклучува 60-дневен преоден период во кој израелските сили ќе се повлечат од јужен Либан.
Повеќе израелски медиуми објавија дека израелскиот кабинет за национална безбедност треба да се состане во вторник за официјално да го одобри договорот за прекин на огнот со Хезболах.
САД се залагаат за договор меѓу Хезболах и Израел, особено по борбите кои драстично ескалира во последните два месеци.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок повика на целосно разјаснување по падот на товарниот авион на DHL кој леташе од Германија за Литванија.
Властите во двете земји во моментов истражуваат „во сите правци“, рече Бербок на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во италијанскиот град Фиуџи, 60 километри источно од Рим. Покрај технички дефект, Бербок не ја исклучи можноста за намерно предизвикан пад, пренесе ДПА.
Товарниот авион кој полетал од Лајпциг е авион на шпанската авиокомпанија Свифт Ер, која патувала во име на ДХЛ.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар