Македонија
26. November 2024 - 12:15

Хотелиерите оптимисти околу изградбата на автопатот

Хотелиерите од охридско струшкиот регион се надеваат дека со изградбата на автопатот ќе се зголеми бројот на туристи а и ќе се избегнат поплаките од посетителите за лошата инфраструктура до двата крајезерски туристички центри .Тие велат дека штетите се огромни но остануваат оптимисти бидејќи на терен гледаат дека е направена мобилизација на работниците и на машините.

Овој автопат додека е во изградба преставува црна точка на која има голем број сообраќајни несреќи.

Според последните најави до почетокот на следната летна сезона се очекува да биде пуштен во функција делот од автопатот Врбјани Охрид во должина од 40км додека целата делница да биде пуштена во употреба до крајот на 2026 година.