Жена со дете в рака убиена во Малме, маскираниот напаѓач е во бегство
Жена во триесетите години денеска починала откако околу 10 часот била погодена во непосредна близина на Риберсбург, населба во шведскиот град Малме, во која се наоѓа популарна плажа. Поголемиот дел од Риберсбург е под полициска блокада.
Според Локал. се., полицијата соопштила дека првично ранетата жена починала околу 13 часот од здобиените рани. Уште две лица се пренесени во болница. Според изјави од сведоци неколку маскирани напаѓачи испукале околу осум до десет куршуми пред да избегаат преку градините на блиските згради.
Сведок за локалните медиуми изјави дека мисли дека станувало збор за два различни типа на оружје. Еден од сведоците кажал дека жената носела дете во раката кога била погодена од куршум. СВТ.се. објави и видео во кое се гледа како лице облечено во црна облека со пиштол во раката трча низ улица.
Ново на Сител
-
Тема на денот со историчарот Митко Панов
-
Соработка помеѓу Државниот завод за статистика и УГД - Штип
-
ММФ прогнозира раст од 2,2% за Македонија
-
Остри реакции на помилувањата од претседателката
-
Мицкоски за 23. Октомври побара национална стратегија со МАНУ
-
Наградата 23. Октомври врачена на поетот Славе Димоски
-
Ќе се евидентира целиот имот на државата
-
Од утре вакцинација против грип кај здравствените работници на работно место