Забраната за движење во шума до 5 август, казните 2.000 евра
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги потсетува граѓаните дека се уште е во сила ограничувањето за движење во шумите и шумските појаси.
Ограничувањето важи за сите, од 22 јули до 5 август 2015 година во термин од 7:00 до 17 часот, освен ако лицето нема добиено соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја.
- Ова ограничување не важи за вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, ниту за организирана тура туристи кои ги разгледуваат шумите и националните паркови во придружба на претстваник од „Македонски шуми“ или Националните паркови, нагласува МЗШВ.
За непочитување на забраната, физичките лица затекнати во шума без дозвола ќе бидат казнети со глоба од 1.500 до 2.000 евра.
МЗШВ потсетува и дека е забрането палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари. За непочитување на оваа забрана се предвидува глоба од 1.500 до 3.000 евра.
Со шумите за стопанска намена во Република Македонија стопанисува ЈП „Македонски шуми“ со 30 подружници, додека со шумите за посебна намена управуваат ЈУ Национални паркови „Маврово“ , „Пелистер“ и „Галичица“; ЈПУЗПП „Јасен“ – Скопје како и ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.
Ново на Сител
-
Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка
-
Запален објект и три автомобили во Куманово,албанската опозиција ја повика меѓународната заедница да реагира
-
Верските лидери со заеднички апел до граѓаните за смиреност и соживот
-
Не само во Челопек министерката Јанева најави вонредни инспекции и во други училишта каде деца носеле симболи на УЧК
-
Струјата нема да поскапи повеќе од 1%, еден час плус дневна евтина тарифа засега ќе нема
-
Словенија бара 5.000 работници од Македонија
-
Постапка за Екс директор
-
Респираторните инфекции ги полнат педијатриските амбуланти и клиниките!