Верските лидери со заеднички апел до граѓаните за смиреност и соживот
Граѓаните да не подлегнуваат на обидите да се наруши соживотот во државата повикаа поглаварите на сите верски заедници. Се апелира до граѓаните да се почитуваат едни со други, да се продлабочува
солидарноста и да се почитуваат државните симболи на татковината и сите етнички заедници во неа.
Овој состанок и заеднички апел доаѓа по сите случувањата кои следеа по прославата на албанското знаме, по сите инциденти кои се веќе процесуирани од полицијата. Верските лидери ставија потпис на заедничкиот став и во полн состав настапија со порака за смирување на заострените односи помеѓу етничките заедници.
Средбата на поглаварите се одржа во Архиепископијата на МПЦ ОА, а присуствуваа поглаварите на ИВЗ, Католичката црква, Евангелистичко методистичката црква и Еврејската заедница.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар