Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка
Се повлече од претседателското место, ама останува во работата на Судски.. Весна Дамева си поднесе оставка.. Се пожали на притисоци од власта.. Премиерот и политичари од владејачката гарнитура изразувале негативен став кон советот, а се заканувале и со распуштање.
Оставката на Дамева доаѓа по најавата на премиерот Мицкоски за робустна акција во правосудството чиј почеток го најави за денеска. Дамева пак го повика да пријави во обвинителството ако има докази за како што тој од собраниска говорница тврдеше дека поседува докази за фалсификување на записници во Судскиот совет.. Денеска од владата....
По оставката на Дамева, советот на итна седница требаше да избере нејзин наследник, но обидот пропадна.. Отсутни биле двајца членови, а наскоро ќе се бирале и нови.. Заклучија дека за избор на нов претседател најдобро е советот да биде во полн состав..
Дамева замина од претседателското место на само неколку денови пред истек на нејзиниот двегодишен мандат.. Во меѓувреме, јавноста дозна дека на работен состанок, судски разгледувал до кога треба да трае мандатот на Дамева бидејќи била незаконски разрешена па пропаднале осум месеци од нејзиниот претседателски мандат..
Дамева како член на судски останува до крајот на идната година..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар