ВМРО-ДПМНЕ: Милиони за возила за функционерите на Заев, а народот нема ниту за леб
Набавката на 45 возила од страна на владата за министрите и директорите во ек на криза е безсрамно трошење на народните пари.
Граѓаните молат за донации за лекување, молат за донации за храна, молат за работа и преживување, а СДСМ фрла милиони на луксуз.
Лудилото не запира. По најавата за набавка на 45 возила од владата, ФЗОМ веќе набавил 2 луксузни лимузини за двата директори Стево Крстевски и Фатон Ахмети.
Со парите за 47 возила ќе се набавеа 47 амбулантни возила, но народот не и е приоритет на оваа влада, туку личната комоција.
Дополнително власта се расфрла во време кога вели дека ќе покачува даноци. Од народот ќе се зема, за да има за луксуз.
Бараме да запре ова расипништво. Бараме да се раскинат договоритe за набавка на возила и парите да се пренаменат за купување на амбулантни возила или други неопходни работи.
Ново на Сител
-
Македонски Телеком креираше иновативно решение за телемедицина, единствено во регионот
-
Во Велес утре ден на жалост за тројцата загинати во сообраќајката кај Катланово - другите пет лица се тешко повредени
-
Таравари бара директорите на Детска и Козле да преземат мерки за докторите кои направиле превид
-
ВО ЖИВО: Голема полициска акција
-
Смена во АНБ
-
Четири општини нема да добијат државни пари - Владата го продолжи рокот за да може да аплицираат дополнително
-
Закон наместо балансер
-
Почна дијалогот со Бугарија за изградба на пругата – Македонија не отстапува од заеднички проект со пониска цена