Во Велес утре ден на жалост за тројцата загинати во сообраќајката кај Катланово - другите пет лица се тешко повредени
Двајца од петмината повредени во вчерашната тешка сообраќајка кај Катланово се борат за живот на КАРИЛ. Во оваа установа се хоспитализирани уште две лица со сериозни повреди на повеќе делови од телото.
Петтиот повреден е примен во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски”. Од таму информираат дека пациентот се здобил со тешки телесни повреди, неговата состојба е стабилна и во понеделник ќе биде опериран.
Три лица од Велес на 37,47 и 66 години загинаа на лице место, откако комбето со кое се превезувале од Скопје каде работеле, вчера околу 17.30 минути излетало од автопатот пред тунелот кај Катланово и се превртело. Телата по наредба на јавен обвинител се предадени на обдукција. Ќе се врши вештачење на превозното средство и на подигнатите траги од местото на несреќата за да се утврдат причините за сообраќајката, соопштија од обвинителството.
Општина Велес за утре прогласи ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во тешката сообраќајна несреќа.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар