Директорот на Детска контра решението на ДСЗИ – Системски проблем не се решава за 30 дена
Директорот на Детска нема да ја плати казната од 5200 евра од ДСЗИ и на Управен суд ќе докажува дека системски проблем не може да се реши за 30 дена, откако ќе го добие решението. Ваквата реакција доаѓа по вчерашната одлука на Државниот санитарен и здравствен инспекторат да ја казни клиниката бидејќи специјализанти дежураат без надзор од специјалист а прегледуваат и издаваат извештаи без потпис и печат.
Реџеп Мемеди контра директорот на ДСЗИ. Тврди дека за време на дежурства специјалисти покриваат и амбуланта.
Во однос на забелешката за потребата специјализантите да се снабдат со времени лиценци и факсимили, имаме писмено изјаснување потпишано од сите приватни специјализанти дека одбиваат земање времени лиценци бидејќи законот им дозволува дополнителна работа во приватни здравствени установи, ни одговори Мемеди.
Речиси идентичен одговор како од Детска добивме и од Министерството за здравство, откако прашавме што ќе преземат по последниот извештај на ДСЗИ дека не се решени проблемите со специјализантите.
- Клиниката за детски болести постапила навремено за дел од системските забелешки од вонредниот инспекциски надзор на ДЗСИ и тие се веќе отстранети. Додека за другиот дел од забелешките, имајќи предвид дека верменскиот рок од 30 дена е прекраток, бидејќи се работи главно за системски проблеми за кои е потребен подолг период за да се надминат.
За сите овие недостатоци кои не можат брзо да се надминат има објаснувања од Клиниката за детски болести вметнати во записникот од инспекцискиот надзор и поткрепени со документација, е ставот на МЗ.
Освен на Клиниката за детски болести, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат најавија вонредни контроли и во други болници и клиники за да видат како фунцкионираат дежурствата. Инаку, од официјалните податоци на веб страната на ЛКМ, само 13 специјализанти имаат обезбедено времени лиценци кои исполнуваат услов постар специјализант.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар