Со мерки за старите возила Владата сака да го намали аерозагадувањето – За екоактивистите потребен е долгорочен план
Полицијата со засилени контроли да ја проверува техничката исправност на автомобилите и колку издувни гасови испуштаат, тешките товарни возила да се пренасочуваат кон обиколни патишта за да се намали сообраќајот во урбаните средини, на багерите и булдожерите од 7 наутро до 18 часот ќе им биде забранет транспорт, но и дотур на стока.
Државните институции да ја намалат употребата на службени возила до 50%. Сите кои работат на отворено работното време да им е од 11-17 часот и работодавачот да им обазбеди заштитни маски. Сите ранливи групи да бидат ослободени од работни обврски се само дел од мерките и препораките од акцискиот план на министерството за животна средина кој го усвои Владата. Но колку овие краткорочни мерки ќе дадат ефект? Според еко-активистите истите мерки се носат речиси секоја година, а на Скопје му треба долгорочен план за справување со загадениот воздух.
Од ВМРО-ДПМНЕ со изградба на когенеративна централа ќе го решаваат проблемот со скопскиот токсичен воздух.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ има план од неколку столбови, меѓу кои најглавна е целосна гасификација на земјата. И изградба на когенеративна централа во Скопје со цел проширување на топловодната мрежа. Во делови од градот коишто користат други горива за загревање на домовите, а кои се причинител од над 60% за загадениот воздух.
Но за овој план еко-активистите предупредуваат дека ќе требаат години работа, а на Скопје му се потребни итни мерки, бидејќи секоја година расте бројот на заболени и починати од загадениот воздух во главниот град.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар