Македонија
17. October 2024 - 16:39

Четири општини нема да добијат државни пари - Владата го продолжи рокот за да може да аплицираат дополнително

Владата одлучи Град Скопје, Струмица, Сарај и Теарце да не добијат државни пари за реализација на локални проекти. По извршената евалуација од страна на ресорните министерства, одлучено е да бидат финансирани проекти на 77 општини со вкупна вредност од 65 милиони евра.

Арсовска доби ладен туш од Владата бидејќи аплицирала за проекти за набавка на нови автобуси, но и за одржување на средства за чистење на улици.

Но, премиерот најави дека владата ќе го продолжи рокот до средината на следниот месец, за да може општините кои биле одбиени, повторно да аплицираат.

Струмичкиот градоначалник за Сител вели дека никој не го информирал дека не смеат да аплицираат со веќе започнати проекти, но ќе поднесат нови, откако рокот е продолжен за 30-тина дена.

Теарце и Сарај чии градоначалници се од редовите на ДУИ ги чекаат официјалните образложенија зошто се одбиени, а Град Скопје се уште нема реакција за донесените одлуки.

Во меѓувреме, од СДСМ го обвинија премиерот дека лаже бидејќи власта оддделила 65 милиони евра за локалните самоуправи, а најавувала 250 милиони.

За следната година, Владата за општините ќе одвои дополнителни 15 милијарди денари, а на овој повик освен за градоначалниците кои доаѓаат од редовите коалиционите партнери на власта, пари има и за оние од ДУИ, СДСМ, како и за независните градоначалници.