Македонија
17. October 2024 - 20:11

Македонски Телеком креираше иновативно решение за телемедицина, единствено во регионот

Македонски Телеком креираше иновативно решение - систем за далечинско набљудување на состојбата на пациентите.

Системот ги следи виталните здравствени параметри, кои се пренесуваат во реално време до централна станица за надгледување поставена во докторските ординации.

На овој начин пациентите добиваат многу подобра дијагностика и третман без да го напуштат својот дом.

Со нашето решение за далечинско мониторирање на виталните параметри на пациентите, се овозможи телемедицината да стане реалност. Навистина сме горди со ова наше решение, затоа што е прво од таков вид во регионот и веруваме дека ќе обезбеди подобра нега на пациентите и поквалитетен живот за граѓаните“ – Марјан Богатиновски, Главен комерцијален директор за деловни корисници на Македонски Телеком

Матичните лекари имаат можност на време да дијагностицираат прединфарктни состојби, што директно влијае на спасувањето животи. 

Предност имаат тешко болни и тешко подвижни пациенти. За овие 6 недели колку ја имаме опремата – фантастични резултати во промена и корекција на терапија, консултација. Револуционерно решение за водење на тешко болни пациенти“ – Соња Мавродиева Георгиевска, матичен лекар

Решението е имплементирано во првата пилот Општина Делчево, во пет здравствени установи, со исклучителни резултати.

NALAS и KDZ како имплементациони партнери и помогнаа на Општина Делчево да добие современ систем за следење на виталните параметри на здравствената состојба на пациенти со ограничена мобилност“ - Јана Белчева Андреевска, NALAS

Иновативното решение има потенцијал да се користи насекаде каде што е потребно, вклучително и во амбулантните возила на Брза помош.