-->
-->
Стоилов: Само со победи ќе покажеме дека сме голем клуб
-->
Ракометарите на македонскиот шампион Вардар првиот дел од групата го завршија на првата позиција со 12 бода, со само еден пораз од последниот Загреб. Во последното коло на гости „вардарци“ го победија германскиот шампион Рајн Некар Ловен со 33:27. Распоред одреди овие две екипи да играат поворно во 8.коло, а сега домаќин е Вардар.
- Победивме пред 10 дена со истиот ривал. Но, ова повторно ќе биде тежок натпревар. Таму игравме добро и ќе мора и тука да играме. Најважно е да победиме еден разлика, не мора да бркаме. Важна е победата. Вчера имавме полесен тренинг и со нас тренираа Карачиќ и Абутовиќ. кои се повреени, но денеска ќе знаеме дали ќе бидат подготвени за сабота, истака на пресот тренерот Раул Гонзалез.
Капитенот на „црвцено-црните“ Стојанче Стоилов потенцираше:
- Одигравме два добри натпревара со РНЛ и со Металург (СЕХА), сега ни следи нов дуел со германскиот шампион. Таму одигравме совршен натпревар, но мораме и тука да одиграме максимално мотивирано како што што и работиме на тренинзите. Само со победа ќе покажеме дека сме голем клуб.
- Одигравме два добри натпревара со РНЛ и со Металург (СЕХА), сега ни следи нов дуел со германскиот шампион. Таму одигравме совршен натпревар, но мораме и тука да одиграме максимално мотивирано како што што и работиме на тренинзите. Само со победа ќе покажеме дека сме голем клуб.
И претходните две сезони овие два тима беа во истата група од оваа фаза, а во Скопје Вардар победи со 25:19 и 28:25.
Натпреварот Вардар - рајн Некар Ловен се игра во сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со историчарот Митко Панов
-
Соработка помеѓу Државниот завод за статистика и УГД - Штип
-
ММФ прогнозира раст од 2,2% за Македонија
-
Остри реакции на помилувањата од претседателката
-
Мицкоски за 23. Октомври побара национална стратегија со МАНУ
-
Наградата 23. Октомври врачена на поетот Славе Димоски
-
Ќе се евидентира целиот имот на државата
-
Од утре вакцинација против грип кај здравствените работници на работно место