Македонија
7. September 2018 - 16:10

Собранието го избира Зоран Ангеловски директор на ОТА

Оперативно техничката агенција го доби својот прв директор. Едногласно, со 83 гласа “ЗА”, Собранието на својата последна работна седница во периодот до референедумот, го изгласа Зоран Ангеловски за човек кој ќе ја раководи ОТА.

Ангеловски беше избран без расправа, бидејќи политичките партии во Собранието постигнаа консензус тој да биде избран меѓу 14 кандидати за оваа функција. За збор се јави единствено Ејуп Алими од ДУИ, кој повика оваа нововоспотавена инстутуција да ги почитува законите и да ја почитува правичната застапеност.

Се предвидува Оперативно-техничката агенција да биде медијатор во прислушувањето меѓу операторите и корисниците, а се очекува да почне со работа од ноември.

Во ОТА треба да се пресели и опремата за следење на комуникациите, со која досега располагаше Петтата управа во Управата за безбедност и контраразузнавање.