Шаќири: Ќе се тргнат маските кога Комисијата ќе процени дека не се потребни во образовниот процес
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање кога учениците ќе престанат да носат маски во училишта, рече дека тоа зависи од проценката на Комисијата за заштита од заразни болести.
-Кога комисијата за заразни болести ќе процени дека не се потребни во образовниот процес, јас сум сигурен дека тие ќе дадат препорака да се тргнат маските. Знам дека сме во период кога очекуваме олеснување на мерките, но, исто така знаеме дека и кога ќе имаме полесни препораки можеме да имаме зголемување на бројот на заразените, одговори Шаќири.
Околу усогласувањето на платите во образованието министерот одговори дека има закон за зголемување на платите.
-Ние имаме за цел да ги мотивираме наставниците. Јас досега со претставници на СОНК имам реализирано три состаноци и еден со другите ресорни министерства, на кои ги разгледуваме барањата. Во делот на зголемување на платите една од препораките е дека треба да се нивелира минималната плата со другите плати. Значи, нема да има луѓе кои ќе бидат под минималната плата. Но, во процес на комуникација сме и јас повеќе пати имам кажано само штрајкот да не се гледа како решение на овој проблем. Ги знаеме економските состојби и затоа треба да се бара решение, рече министерот за образование и наука, Јетон Шаќири кој денеска престојуваше во Струмица и Валандово на дијалог за креирање на уписната политика за учебната 2022-2023 година и унапредување на средното стручно образованиe.
Ново на Сител
-
Мали шанси за тет-а-тет средба Мицкоски-Мицотакис, официјална Атина сепак ќе се „жали“ за Преспанскиот договор
-
Почнува Самитот на НАТО во Вашингтон, Украина високо на агендата
-
Нова инвестиција: Вабтек го шири производството - 100 нови вработувања
-
Никој не се чувствува виновен за проневерата од 5 милиони евра за спортските ваучери
-
Затворски казни за обвинетите во „Синџир“ кои затајувале данок
-
Хаос пред ЈСП: Директорот и синдикатите се караа кој е виновен што автобус вчера удри во жардиниера
-
МОН го запре конкурсот за издавање учебници, отвори повик за сугестии за нови наставни програми
-
За репарирање на неотпакуваниот акцелератор во штипската болница ќе бидат потребни пари колку да се купи нов