Почнува Самитот на НАТО во Вашингтон, Украина високо на агендата
Во сенка на нови жестоки руски ракетни напади врз Украина, лидерите на НАТО седнуваат на заедничка маса да го одбележат 75 роденден на Алијансата.
Високо на агендата, следните три дена во Вашингтон ќе биде поддршката за Украина и потврда дека сојузниците ќе ја поддржуваат земјата со 40 милијарди евра годишно уште најмалку една година. Неизбежно на самитот ќе биде отворено и прашањето за можно идно приклучување на Украина кон воениот сојуз, иако без временска рамка, сепак ова е прашање кое го привлекува и вниманието на Москва.
Русија ќе го следи самитот на НАТО со максимално внимание. Знаете дека Северноатлантската алијанса е сојуз кој ја смета Руската Федерација за свој непријател, противник.
Ова е сојузот кој постојано и отворено ја декларира својата цел стратешки да ја порази Русија на бојното поле.
Ова е сојузот кој е директно вклучен во украинскиот конфликт, на страната на Украина. Затоа, многу внимателно ќе ја следиме реториката што треба да се одржи, преговорите и одлуките што ќе бидат усвоени и ставени на хартија“..вели Дмитри Песков.
Самитот се одржува и во период на неизвесноста која ја носат американските избори догодина. Белата куќа со уверување дека нема простор за загриженост помеѓу сојузниците околу лидерските способности на претседателот Бајден по минатонеделната дебата со Трамп.
Мислам дека прашањето ја претпоставува идејата дека тие треба да се уверат во американското лидерство и посветеноста на претседателот Бајден. И не верувам дека е така. Ние воопшто не добиваме знаци за тоа од нашите сојузници, сосема Напротив, разговорите што ги водиме со нив однапред, тие се возбудени за овој самит, тие се возбудени за можностите и работите што ќе ги правиме заедно, конкретно за да и помогнеме на Украина, вели портпаролот за национална безбедност, Џон Кирби.
Ова е прв самит на Шведска како полноправна членка на НАТО , но последен кој ќе го води Јенс Столтенберг, кој од 1 октовмри годинава водството на Алијансата ќе му го предаде на холандскиот премиер во заминување Марк Руте.
Додека делегициите веќе пристигнуваат во Вашингтон, Столтенберг во знак на добредојде го фрли и првото бејзбол топче.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар