Македонија
10. July 2024 - 12:37

Спасени три 16-годишни момчиња кои повеќе од четири часа биле заглавени на островче на реката Треска

Три 16-годишни момчиња речиси четири часа синоќа останале заробени на островче од песок и чакал на средината на реката Треска во близина на скопски Сарај. 

Поради испуст на водата од хидроцентралните „Матка и Козјак“ дошло до зголемување на водотекот, па обидот на момчињата да се спасат со чамец бил неуспешен.

Од ЦУК било побарано веднаш да се намали истекот на вода за да се овозможи извлекување и спасување на момчињата.