Македонија
7. October 2024 - 16:36

Мицкоски ќе испрати писмо со институциите на ЕУ, Филипче бара затворена собраниска седница

Со писмо до европските институции премиерот Мицкоски ќе бара начин за откочување на европската интеграција.

Без да прифаќа диктати порача дека е отворен за идеи и решенија кои ќе бидат достоинствени, а во целиот процес ќе биде вклучена и опозицијата.

Преку разни институционални канали ќе се обратам и ќе работам со Европската комисија и со нашите партнери за изнаоѓање на решение кое ќе биде достоинствено и согласно националните интереси, а диктати да биде јасно не прифаќам. За овој процес потребно е и разбирање од Унијата, која очекуваме да покаже еднаква верба во европската иднина на нашиот регион како што е и нашата верба. Македонија и нашите граѓани премногу дадоа и предолго се заожници на билатерални проблеми и барања. Не барам сочувства и изговори. Барам почит за мојот народ! Ние како што споменав планираме да ја вклучиме и опозицијата во процесите, кога ќе дојде време за тоа. Нема да ветуваме работи кои се неостварливи, но и нема да пропутиме да ја консултираме опозицијата и да побараме поддршка за нашите напори. Сепак целите ни се заеднички и немаме дилема околу тоа. Веќе следната недела ќе испратам писмо до сите инволвирани во кое и на таков начин ќе ја обзнанам и потврдам мојата недвомислена воља за дијалог, реформи и изнаоѓање на решение, вели Мицкоск

Лидерот на опозиција и натаму бара затворена собраниска седница на која Владата ќе ги информира за планот и следните чекори на патот кон Европската унија, откако втора меѓувледина седница унијата закажа само со Албанија.

Филипче вели дека се подготевни да ја поддржат секоја стратегија која ќе го придвижи патот кон унијта, но нема да служат како алиби за идни неуспеси.

Премиерот Мицкоски досега ниту го прифати, ниту го одби барањето на опозицијата за затворена собраниска седница. Најави дека позицијата на владата ќе ја соопшти откако ќе се анализира предлогот на Филипче.