Истражување на ЕПИ: Надворешната политика е важна за граѓаните, но тие не се доволно информирани
Надворешната политика на Македонија е важна за граѓаните, но не се доволни информирани за целиот процес, покажува истражувањето на Институтот за европска политика. Првичната анкета која Институтот ја спроведе на 1.001 испитаник од државата, покажува дека скоро половина од нив, разговорите кои функционерите ги имаат со своите колеги од странство, не влијаат врз нивниот живот. Но, откако се одржала дебатата на која се информирале за значењето на сложеноста на дипломатските преговори, меѓународните договори и стратешките сојузи, на испитаниците значително им е променето мислењето. Имено, на скала од 1 до 10, оценката за влијанието на надворешната политика врз секојдневниот живот пораснала од 5,78 просечна оценка пред дебатниот настан.
Одржаната дебата придонела и за позитивни, повисоки резултати во однос на знаењето на граѓаните за тоа кога нашата држава добила статус кандидат за ЕУ, но и кога е започнат скрининг процесот. По информативната сесија значително е зголемен и процентот на испитаници кои знаеле точно да одговорат дека Македонија во 2020 година станува членка на НАТО.
Дебатната анкета спроведена од ЕПИ покажа дека се потребни комуникациски стратегии, кампањи и јавни консултации, за граѓаните да бидат информирани за тоа какви придобивки ќе имаме како држава ако влеземе во ЕУ, но и какви обврски имаме кон Алијансата.
Првичната анкета беше спроведена на репрезентативен примерок од 1.001 испитаник од целата држава, додека дебатниот настан се одржа во Скопје со 135 испитаници. Избраните 135 граѓани учествуваа на дводневен настан, каде што се информираа на темите, дискутираа помеѓу себе и поставуваа прашања на панел- дискусии составени од експерти, по што повторно ја пополнија истата анкета.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар