Во штипската болница отворен центар за рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани
Одделот за физикална терапија, кој работи во состав на штипската Клиничка болница подготви 50 болнички кревети за стационарно лекување на повредените во трагедијата во Кочани.
- Пациентите почнаввме да ги примаме од пред 2 дена. Сите капацитети во Клиничка болница Штип, тоа се 50 легла стационарни и капацитети за физикална терапија при ЈЗУ општа болница Кочани се ставени во функција. Потешките случаи ќе се лекуваат стационарно кај нас, а дел во болницата во Кочани, изјави Никола Костадинов, раководител на Физикална терапија, Штип
Со хидротерапија, електро процедури и кинези терапија ќе може полесно и побрзо да се опороват.
- Во принцип, пациентите се со тешки изгореници и контрактури, но имаме и голем дел пациенти со фрактури и ампутации. Таму ќе имаме целосна рехабилитација на скршениците и изгорениците, но и вежби за дишење, кои се дел од рехабилитацијата за пациентите со изгореници. Ние веќе имаме обучен кадар, физиотерапевти, кои ги знаат вежбите за дишење. Колегите за време на Корона пандемијата имаа специјални обуки, кои и сега ќе ги примениме, изјави д-р Костадинов.
Доколку има потреба, ќе се ангажираат и лекари од другите здравствени установи во државата. Костадинов со препорака до пациентите со изгореници да не користат мелеми на своја рака, туку да се упатат во медивцинските центри за рехаблитација каде ќе добијат соодветна здравствена услуга.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар