Преку измени на закон ќе се регулира користењето на пиротехника во затворен простор
По скратена постапка пратениците на ВМРО ДПМНЕ ќе го менуваат Законот за јавен ред и мир. Со измените ќе се регулира користењето на пиротехнички средства во затворен простор. Двојно повисоки казни ќе добијат правните и физичките лица кои нема да се придржуваат на правила за огномет, факелијада и слични приредби на кои се користат експлозивни материи.
Опозицијата пак повторно обвини за селективност во истрагата за кочанската трагедија. Бараат владата да ги поништи тендерите за анкети и оценка на медиумите и парите да ги пренамени за Кочани
Од ВМРО велат политиката на СДСМ се сведува на евтин популизам. Постапката е законски спроведена, а вакви тендери склучувала и владата на СДСМ и е дел од програмата за јавни набавки.
И пратениците на Европскиот фронт кои обвинуваа за селективна истрага испратиле писмо до Советот на Европа во кое бараат меѓународни експерти да се вклучат истрагата.
Бараат Советот на Европа да испрати независна експертска мисија за проценка на независност на истрагата; да иницира дебата во Парламентарното Собрание на Советот на Европа; да побара мислење од Венецијанската комисија за влијанието врз обвинителството; да го ангажира ГРЕКО за истрага на политичко влијание врз обвинителските одлуки.
За власта ваквите барања се неосновани, велат има истрага и таа ќе биде неселективна. Од одговорност нема да поштедено никој за направениот криминал.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар