00:00           
00:00
 
00:00
         
 
 
Македонија
29. March 2025 - 16:32

Четворицата критични пациенти кои се во странски медицински центри и понатаму во тешка состојба

Речиси половина од пациените кои беа повредени во пожарот во Кочани се на домашно лекување. Во странски медицински центри остануваат 89 со денешното враќање во земјата на двајца кои беа хоспитализирани во Литванија и Шведска. Во македонските здравствени установи денеска испишуваат 5 и под болнички надзор остануваат 16. 

Од повредените кои се надвор од државата има голем број кои се екстубирани и дишат самостојно, но кај четирите критични пациенти сотојната и понатаму е загрижувачка.  

-Вчера кажав дека малку се подобрени, меѓутоа синоќа добивме информации дека повторно овие 4 пациенти се во тешка состојба и ќе ве брифираме како и добиваме информации од нашите амбасади но и директорн од лекарите со кои комуницираат од МЗ, вели Арбен Таравари, министер за здравство.

Таравари вели дека за пациентите кои се надвор од државата има кои се интубирани и во тешка, но не и живото загрозувачка состојба. Многу се префрлени на одделенија за понатамошен третман. За пациентите, пак, кои се веќе на домашно лекување, тимови од лекари ќе одат во Кочани за контрола и се што ќе им биде потребно. 

-Пластичен хирург, психолог и психијатар секако, доколку треба и физиотерапевт, односно, тоа што ќе го побараат нашите колеги од Кочани, такви мултидисциплинарни тимови ќе пратиме, вели Таравари.

-За да тие лузни се сведат на минимум, тоа го правиме уште од почетокот, кога ги испишуваме пациентите им кажуваме како треба да се однесуваат со изгорената кожа, вели д-р Јасмина Ѓорѓиевска Павловска, директор на Клиника за пластична хирургија. 

Пациентите кои се враќаат од странство, по протокол поминуваат 24 часа на клиники пред да заминат на домашно лекување. За утре нема најави за исписи од странство, додека, пак, за понеделник ќе бидат вратени 5 мина.