Реновирано подрачното училиште во гевгелиското село Кованец
Општина Гевгелија целосно го реновира старото и пропаднато подрачно училиште во селото Кованец, кое повторно ќе биде ставено во функција во второто полугодие од оваа учебна година.
Во стариот објект, кој доби и нова фасада, уредена е една училница, наставничка канцеларија, училишна кујна и тоалети. Според изборното ветување на гевгелискиот градоначалник Иван Франгов, училиштето во Кованец сега е целосно опремено и согласно извршениот технички прием ги исполнува сите услови да функционира како подрачно училиште во состав на основното училиште „Ристо Шуклев“ од Негорци.
Мештаните на Кованец, задоволни од исполнетото ветување, изразија голема благодарност до гевгелискиот градоначалник Франгов и општина Гевгелија затоа што нивните деца повеќе нема да патуваат до Негорци за да одат на училиште.
Реконструкцијата на училиштето во Кованец чинеше повеќе од 700.000 денари кои беа обезбедени од буџетот на општина Гевгелија.
Ново на Сител
-
Обвинители вршат надзор над работата на обвинителството за организиран криминал и корупција
-
69-годишна жена загина, а 9-годишно дете се бори за живот на Клинички по пад од шести кат
-
Родители најавија бојкот на настава во „Лазо Ангеловски“, МОН смета дека со случајот се претерало
-
Комплексни лозинки за да нема упад во е-дневник во училиштата!
-
И власта и опозицијата не прифаќаат пензионирање на 67 години
-
Новогодишните куќарки пристигнаа на плоштадот, Арсовска пак крие кој и за колку пари ќе украсува
-
Преку зголемена транспарентност и политичка комуникација до одговорни институции
-
Преглед на вестите од светот