69-годишна жена загина, а 9-годишно дете се бори за живот на Клинички по пад од шести кат
Трагедија во Кисела Вода. 69 –годишна жена загина, а нејзиниот 9 – годишен внук се бори за живот на Клиниката за Детска хирургија, по пад од шестиот спрат на зградата во која живееле. Немилиот настан се случил синоќа околу 19.40 минути. Според сведочења на соседи кои не сакаа јавно да зборуваат прво паднало детето, а веднаш потоа и бабата. Што се случувало кобниот момент треба да утврди полицијата.
- На 03.12.2024 година во 19:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територијата на Кисела Вода, две лица. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека жената Д.С. (69) ОД Скопје од здобиените повреди починала на местото на настанот, додека деветгодишниот малолетник од Скопје се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, изјави Гоце Андреевски, портпарол на МВР’.
Детето е хоспитализирано на одделот за интензивно лекување на Клиниката за детска хирургија. Има повеќе повреди, речиси по целото тело.
- Контузија на глава, бели дробови, фрактури – скршеници на лево рамо и карлица. Денес се направени доиследувања. Во моментот детето е стабилно и побарура само интензивно следење на состојбата, изјави д- р Лазо Јовчевски, директор на Клиниката за детска хирургија.
Како што сведочат соседите детето паднало на тревникот пред зградата, а бабата на оградата. Интервенирале и пожарникари кои ја исекле оградата за да го подигнат тетото на жената.
Според кажувањата на соседите, родителите на детето не биле во станот кога се случила трагедијата.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар