Македонија
4. December 2024 - 17:22

И власта и опозицијата не прифаќаат пензионирање на 67 години

Партиите против зголемување на старосната граница за пензионирање. Неприфатливо е одењето во пензија на 67 години и за власта и за опозицијата. ВМРО-ДПМЕ не го подржува покасното заминување во пензија и за нив тоа е завршена работа. И СДСМ ваквата идеја ја оценија за штетна и во целост ја отфрлија. Но дали ќе се згоелми даночната стапка за пензиско за 0,7 проценти поени, како што предлага Фискалниот Совет, за сега без конкретен одговор.

Вчера престедателот на Фискалнот Совет за Сител изјави дека тие само даааат препораки како да се намали јавниот долг и да се стабилизира фондот за пензиско. Власта не мора да ги прифати, но мора да најде начин како да ги зголеми приходите. Затоа  предложиле и повисока даночна стапка за пензиско осигурување. 

Македонија има најниска стапка од 18,8%. , Во Србија е 25,5%, Албанија 21, Словенија 24,4, Хрватска 20  отсто, изјави Глигор Бишев., претседател на фискалниот совет

Според Бишев, ако не се прифати нивниот предлог, за да се најдат пари во буџетот ќе мора да се зголемат другите даноци. Премиерот денеска  најави промени за глобалниот минимален данок, кој стапува на сила од 1 јануари. Законот предвидува големите странски компании кои глобално оставруваат приходи  еднакви или поголеми од  750 милиони евра ќе мора да платат данок  од 15%. Според македонскиот даночен систем данокот е рамен и изнесува 10 отсто. Што ќе се случи? Компаниите оствариле профит од 100 парички, од кои ќе платат 10 парички тука, во Македонија, а останатите 5 ќе мора да ги платат во матичната држава. Тоа не е фер. Ако тие профитираат од македонските граѓани, ако македонските граѓани ги плаќаат сметките, тогаш треба тие 15 проценти да ги плаќаат тука – рече Мицкоски.

Глобалниот минимален данок ќе треба да го плаќаат околу 50 тина странски компании, без разлика дали се корисници на државна помош или не. Во март годинава странските компании кои работат кај нас алармираа дека државата мора да се прилагоди кон меѓународните правила кои ги наметна ОЕЦД, бидејќи годишно може да загуби околу 30 милиони евра. Првите плаќања на данокот кој ќе се применува во 140 земји, ќе се случат во 2026та година.