Преглед на вестите од светот
Јужнокорејската опозиција почна постапка за отповикување на претседателот Јун Сук Јеол, откако тој вчера вечерата ненадејно воведе воена состјба во земјата. По неколку часа ја повлече, откако парламентот експресно го поништи указот. Парламентот, конолиран од опозицијата ќе гласа за отповикување на Јун в сабота, за што е потребна поддршка од две третини од пратениците. Од претседетлот веке се дистанцираа неколку негови советниви и секратети кои поднесоа колективна оствака.
Најголемата синдикална организација побара оставка од претседателот и објави дека нејзини членови ќе штрајкуваат додека Јун не поднесе оставка. Премеирот на Јужна Кореја Хан Дук-су кој ја предводи партијата Народна моќ, на која и припаѓа и Јун изјави дека ќе продолжи да му служи на народот.
Јун прогласи воена состојба во телевизиски говор во живо а како што рече, да ја заштити земјата од опозиција која работи во интерес на Северена Кореја. И власта и опозицијат одлуката на претседателот ја нарекоа погрешна. Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, ја поздрави одлука на претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јеол, да ја укине воената состојба, истакнувајќи дека САД „внимателно ги следеа случувањата во последните 24 часа“ и очекуваат политичките несогласувања да бидат „разрешени мирно“.
Втор и последен ден од минситерскиот состанок на шефовите на дипломатии на 32 НАТО земји члнекки во Брисел. Шефот на Алијансата, Марк Руте изајви дека Членките на НАТО се согласни дека заштитата на украинската енегретскаата инфраструктура и обезбедување на украинските сили да ја имаат воздушната одбрана неопходна за одбрана од руските напади треба да биде главен приоритет во анредните месеци ,
Трагедија на северот на Хрватска. Вчера беа пронајдени тела на две бебиња закопани во дворот на семејна куќа во кај Вараждин. Родителите се уапсени. Полицијата се сомнева дека бебињата починале од неихранетост и лошта грижа. Точната причина ќе ја утврди обдукцијата. Плицијата реагирале по повик од соседите дека родителите веке некој период се однесуваат сомнително. Според хрватски медиуми тие биле членови на секта.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар