Македонија
4. December 2024 - 19:31

Скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека е поведена постапка против едно лице за кривично дело – телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈОРМ, на 1 декември, во семејниот дом во селото Љубанци, при вршење семејно насилство, тој телесно ја повредил неговата поранешна сопруга со која по разводот на бракот продолжиле да живеат во заедничко домаќинство.

- По вербална расправија меѓу двајцата, осомничениот со рацете ја зграпчил за вратот и ја стегал, продолжил со тупаници да ја удира по главата, нанесувајќи и телесни повреди изразени во вид на набиеници на главата и вратот. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасноста од бегство, се наведува во соопштението.